Тешка сообраќајка во Ранковце, повредени три лица
Незгодата се случила во 15:30 часот на магистралниот пат А2 Куманово – Крива Паланка кај село Псача кога патничко моторно возило „цитроен АХ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.Ј. (1978) изгубил контрола и удрил во товарно возило.Во сообраќајна незгода која се случи попладнево кај село Псача, општина Ранковце, три лица се здобиле со телесни повреди.
Незгодата се случила во 15:30 часот на магистралниот пат А2 Куманово – Крива Паланка кај село Псача кога патничко моторно возило „цитроен АХ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.Ј. (1978) изгубил контрола и удрил во товарно возило.
Патничкото моторно возило се движело од Куманово кон Крива Паланка при што на кривина возачот изгубил контрола и удрил во товарно моторно возило „волво“ со украински регистарски таблички, управувано од И.Х., (1969), кој се движел во спротивна насока.
Со телесни повреди во незгодата се здобиле возачот на патничкото моторно возило и двајца сопатници Б.С. (1975) и Р.Н. (1983).
Сообраќајот беше во прекин до 16:45 часот, информираше портпаролот на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
