Македонија
22. August 2015 - 11:24

Тешка сообраќајка во Радовиш - Еден починат на пат кон болница

Полицијата информира дека синоќа во Радовиш, на крстосницата од бул.„А.Македонски“ и ул.„Шампионче“ се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Волксфаген“, управувано од Трајчо Ј.(1958) од Радовиш и „Ауди“ управувано од Д.Р.(1988) од Радовиш.

Трајчо е пренесен во Јавната здравствена установа Радовиш, а од таму е препратен во Клиничката болница во Штип , при што по пат починал.

По нареба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Радовиш.