Македонија
10. July 2016 - 14:19

Тешка сообраќајка во Прилеп - дете се бори за живот

Во Прилеп на ул.„Цане Коњарец“ вчера се случила тешка сообраќајна несреќа.  Во несреќата 29-годишната С.Н. од Прилеп, управувајќи возило„Хонда“ со прилепски регистарски ознаки, удрила во пешакот на возраст од 8 години од Прилеп.

Детето се здобило  тешки телесни повреди  на главата кое  од Општата болница во Прилеп е препратен во Клинички Центар-Скопје за понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Прилеп.