Македонија
12. October 2016 - 11:56

Тешка сообраќајка во Петровец, загина момче

Дваесет и четири годишниот А.Б. од Огњанци го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која вчера околу 22:30 часот се случила во скопско Петровец.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Крајслер“ во скопски таблички управуван од 53 годишниот Љ.Н. и „Застава 101“ која ја управувал А.Б.

Во несреќата младиот возач се здобил со тешки повреди и итно бил пренесен во Ургентниот центар каде лекар од КАРИЛ можел само да констатира смрт.

На местото на несреќата извршен е полициски увид во присуство на јавен обвинител.