Тешка сообраќајка во Македонија - четири лица повредени
На регионалниот пат Куманово- Св.Николе, во атар на селото Градиште, вчера околу 09.40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Д.М. од селото Ранковце, кривопаланечко и товарно возило „там“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот И.А. од селото Долно Ѓуѓанце, светиниколско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М. и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.
Додека, со телесни повреди се здобил возачот И.А. и сопатниците во патничкото возило Т.Љ. и Љ.А., кои, исто така, биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Ново на Сител
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири