Македонија
20. November 2015 - 21:14

Тешка сообраќајка вечерва на Илинденска - Има повредени

Едно лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва околу 20:15 часот на булеварот Илинден.

Според првичните информации, во сообраќајката учествувале  Ауди, Фиат Пунто и мотор.

При несреќата, возачот на моторот се здобил со повреди и е итно пренесен во Ургентниот центар.

Увидот е во тек. Засега нема информации за тежината на повредите. 

Oчевидци сведочат дека возачот на автомобилот избегал веднаш по судирот, а мотоциклистот е тешко повреден и се бори за живот.