-->
-->
Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице
-->
Две лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во сообраќајка што денеска напладне се случи на магистралниот патен правец А3 што го поврзува градовите Битола и Прилеп.
Во сообраќајката на влезот во Битола, учествувале камион и патничко моторно возило и притов во директниот судир на лице место животот го загубиле едно лице жител на градот Скопје и едно лице странски државјанин, додека повреденото лице, исто така странски државјанин е итно пренесено на лекување во ЈЗУ Клиничка болница-Битола.
Екипи на СВР Битола и Јавен обвинител се на терен и ги истражуваат причините за несреќата, а сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Битола-Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација