Македонија
1. August 2017 - 15:02

Тешка сообраќајка на патот Скопје-Тетово - Едно лице се бори за живот

На регионалниот пат Скопје - Тетово, на излез од бензинската пумпа на „Окта“, вчера во 16.20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фелиција“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(48) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген голф 3“, исто така, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(22) од Скопје.

Во незгодата тешки телесни повреди добила сопатничката на „фолксваген голф 3“ С.Р. при што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, во животна опасност, и е во Кома-центарот.