Македонија
13. September 2016 - 12:32

Тешка сообраќајка на патот Скопје - Блаце

Вчера околу 15.30 часот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце се случила сообраќајна незгода помеѓу две БМВ со косовски регистарски ознаки, едното марка „Опел Астра“ управувано од Г.У., каде сопатници биле Р.У. , Г.У. и  Б.У., а другото „Фолксваген Голф“  управувано од М.Д., каде сопатник бил Р.Д., сите од Косово. По незгодата на Р.У. и  М.Д.  им била укажана медицинска помош и истите биле задржани во Клиничка болница „Систина“, каде и им биле констатирани тешки телесни повреди и истите биле во животна опасност. Останатите лица, кои биле во возилата (по укажаната медицинска помош во УЦ „Мајка Тереза“) , биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, извршила увидна екипа од СВР Скопје.