Тешка сообраќајка на патот Штип-с.Кадрифаково - Едно лице се бори за живот
На 29.05.2017 година околу 23.00 часот на патот Штип-с.Кадрифаково се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц. од Штип, ПМВ „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.С. од Куманово и ПМВ „Ауди“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ј.В. од с.Чифлик, општина Чешиново-Облешево. По незгодата возачите на возилата и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница Штип, од каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. По излегување од болницата, на сопатникот од ПМВ „БМВ“-В.И. од Велес му се слошило, по што истиот е вратен во болница, констатирана му е повреда опасна по живот и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија