Тешка сообраќајка кај пехчевското село Црник, четири лица повредени

Четири лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила кај пехчевското село Чифлик. Несреќата се случила околу 18:00 часот помеѓу фиат пунто и хјундаи галопер, а веднаш по дојавата интервенирала единицата на Територијалната противпожарна единица од Берово.
-Дојавата за сообраќајката ја примивме околу 18:10 часот по што тројца пожарникари со едно возило се упати на лице место Интервенирано е со хидрауличен алат за да може да биде изваден еден од возачите кој се наоѓаше во возилото фиат пунто кој потоа го предадовме на службите на Итната медицинска помош, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.
Возачот на автомобилот фиат пунто заедно со останатите повредени се транспортирани до најблиските клинички центри, потврдија од Итната медицинска помош во Берово.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на МВР Берово.
Ново на Сител
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
