-->
-->
Тешка сообраќајка кај Криволак - едно лице повредено
-->
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера кај полигонот Криволак, едно лице е повредено. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 18,30 часот на патот од с.Пепелиште кон армискиот полигон „Криволак“, во близина на бензинска пумпа, Н.С. (61) од с.Криволак, управувајќи мотоцикл „Shineray 125“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Н.С се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница Кавадарци. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Неготино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст