-->
-->
Тешка кражба во црквата „Св. Петка“ во Луковица
-->
Околу 3.500 денари штета предизвикале засега непознати сторители по тешката кржба извршена во засега точно неутврдено време изминатата седмица во црквата света Петка во селото Луковица, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци случајот бил пријавен вчера околу 14 часот од страна на Л.М.(64) од Луковица. Според неговата пријава што подоцна било потврдено со полицискиот увид сторителите насилно го отстраниле катинарот од кутијата за донации од верниците што се наоѓала во дворот од црквата по што одзеле околу 3000 денари во разни апоени, а причиниле и материјална штета од околу 500 денари.
По извршениот увид полицијата работи на откривање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта