Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на Вембли.
Един Терзиќ, тренерот на клубот од Дортмунд кој го освои петтото место во Бундес лигата, верува дека можат да го победат Реал.
„Ќе се соочиме со исклучително силен тим кој често игра вакви финалиња, но знаеме дека се е можно во еден натпревар“, изјави Терзиќ за интернет страницата на УЕФА.
„Да играме десет пати со Реал Мадрид, веројатно ќе беше тешко да дојдеме до вкупна победа, но на еден натпревар, во текот на 90 или 120 минути или пенали, можеме да го победиме секој противник во светот“, додаде Терзиќ.
Реал е фаворит во Лондон, во сабота ќе го игра шесто финале во Лигата на шампионите во последните десет години.
Терзиќ, кој го води жолто-црниот тим од летото 2022 година, повтори дека сезонава веќе успеале да ги победат Њукасл, Милан, ПСВ, Атлетико Мадрид и ПСЖ.
„Од натпревар во натпревар ни беше се потешко, а сега кога стигнавме до тука сакаме да го направиме и овој последен чекор“, истакна Терзиќ.
Терзиќ признава дека му недостига искуството што го има неговиот ривал Карло Анчелоти (64). Италијанецот четири пати ја освојувал Лигата на шампиони.
„Иако сум тренер половина од мојот живот, сепак сум млад во оваа работа“, изјави Терзиќ, кој е три години постар од Лука Модриќ од Реал. Ова е негово прво финале во Лигата на шампионите.
Терзиќ е убеден дека Борусија може да стане европски првак доколку неговиот тим покаже „оптимизам, заедништво, борбеност и храброст“.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
