Терористот од Париз Салах Абдеслам се уште е на слобода
Најбараниот човек во Европа, Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите во Париз, синоќа бил забележан од полицијата, но успеал да им избега. Тој најверојатно патува со автомобил БМВ кон границата на Германија, објави електронското издание на „Телеграф“.
Белгиските федерални обвинители синоќа признаа дека во операција на армијата и на полицијата вчера не е уапсен исламистот Абдеслам.
- Абдеслам бил забележан од полицијата во близина на градот Лиеж околу 19 часот и 30 минути, но успеал да избега, објави белгискиот весник „Дерниер јор“.
Весникот наведува дека Абдеслам се упатил кон Германија.
Во синоќешната акција било извршено претрес на 19 локации при што се уапсени 16 осомничени. Кај приведените не е пронајдено никакво оружје, ниту експлозив, па истражен судија денеска ќе одлучи дали тие ќе останат во притвор.
Белгиските власти се одлучија да го задржат нивото на тревога во Брисел на највисоко ниво поради можноста од напади, поради што ни денеска нема да работи подземната железница, а сите училишта во главниот град на Белгија ќе бидат затворени.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место