-->
-->
Тереза Меј објави кога си заминува од функцијата
-->
Тереза Меј во 10 часот и 5 минути им се обрати на медиумите. Таа објави дека ја напушта функцијата премиер на 7 јуни.„Дадов сè од себе. Се обидов да ги договорам најдобрите услови, направив сè за да ги убеди пратениците да му дадат поддршка на мојот договор. За жал, не успеав. Се обидов три пати. Верувам дека беше правилно да се истрае. Но, сега верувам дека е правилно нова личност да преземе. Ќе поднесам оставка во петок, 7 јуни“, рече Меј.
Таа зборуваше и за тоа како нејзината партија ќе се обедине и ќе се опорави, и дека напорната работа за договарање за брегзит паѓа на нејзиниот наследник.
За својата оставка ги извести соработниците, како и кралица, и рече дека се активирани механизми за избор на нејзин наследник. На крајот од говорот заплака.
Тереза Мај во говорот изјави дека служењето како премиерка ѝ била најголемата чест во животот.
„Бев втора премиерка во историјата на оваа земја, но сигурно не и последна“, рече таа.
„Ми беше најголема чест во животот да ѝ служам на земјата што ја сакам“, рече Меј на крајот од говорот и почна да плаче. Се сврте и замина.
Тереза Меј беше под се поголем притисок колку подолго траеа преговорите за брегзит. Најновите решенија на Меј за брегзит не им се допаднаа ни на нејзините членови на партијата, па притисокот стануваше се поголем.
Британскиот парламент три пати го одби нејзиното решение за брегзит, нејзината влада ја напуштија бројни министри и неодамна оставка поднесе и Андреа Лидсом, претседателката на владејачката Конзервативна партија во Долниот дом на британскиот Парламент. Лидсом рече дека повеќе не го поддржува пристапот на владата кон процесот за излез од Европската унија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
