Теренот на Арената „Тодор Проески“ добива нов лик
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави денеска дека до крајот на оваа седмица ќе ги заврши започнатите активности за поставување нова, хибридна подлога на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Хибридната трева од најновата генерација е поставена на Националната арена по околу еден месец работа, која опфати отстранување на претходната трева, поставување на новата подлога и целосно нов систем за одржување и наводнување на тревникот.
- Драго ми е што ќе ја видиме Националната арена „Тодор Проески“ во ново руво. Ова е уште еден доказ дека инвестициите во инфраструктурата се фундаментален дел од нашиот пристап кон развојот на македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија помага и ќе помага и во иднина, наша обврска е да инвестираме во инфраструктурата која е основа на успехот на нашиот фудбал, изјави претседателот на ФФМ Муамед Сејдини.
На новиот терен на Арената во Скопје први ќе се појават македонските репрезентативци на дуелот против Англија на 20 ноември во рамки на последното коло во групата ц во квалификациите за ЕУРО2024.
- Фудбалот и репрезентацијата ова го заслужуваат. Со нетрпение го очекуваме претстојниот натпревар против Англија на новата трева на Националната арена и верувам, пред полни трибини за поддршка на македонската репрезентација, посочи Сејдини.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
