Тепање деца е кривично дело во Велс
Од денеска, во Велс родители може кривично да одговараат доколку го удрат своето дете и според властите законските обврски се со цел да им се даде на најмладите „најдобар почеток во животот“.
Првиот министер Марк Дрејкфорд изјави дека ова е историски ден за децата, бидејќи Велс стануваат втори во Велика Британија што забрануваат физичко казнување, јави Би-Би-Си.
Според критичари, новиот закон е истуркан „од оние кои сметаат дека знаат подобро од родителите“.
Џерси беше првиот дел на Британските Острови што го забрани удирањето деца во април 2020 година, пред Шкотска да стане првата нација во Велика Британија што го направи нелегално во ноември 2020 година.
Шведска стана првата земја во светот што ја забрани физичката казна за деца во 1979 година. Сега, ова е нелегално во 63 нации ширум светот, јави Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата