Тепачката во училиштето во Неготино настанала поради момче - родителите на разговор
Видео снимката која се појави во јавноста, а на која јасно се гледа како две ученички брутално тепаат друго девојче во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, додека другите соученици само гледаат и снимаат со своите телефони, предизвика бурни реакции кај народот. Она што најмногу ги загрижува сите е тоа што никој од сведоците на тепачката не реагира ниту презема нешто.
Родителите на едно од девојчињата кои учествувале во тепачката се појавиле на разговор во училиштетот, додека родителите на другите две ученички треба да дојдат на разговор на шеснаесетти, односно во понеделник – изјави за Фактор, Петар Мантев, директор на ООУ „Гоце Делчев“, Неготино.
-За случајот се известени сите надлежни служби, пријавено е и во ПС Неготино. Со девојчињата се разговараше, се вклучија наставниците, педагогот и психологот. Изречени се педагошки мерки. Станува збор за ученички во деветто одделение, на возраст од околу 14 години, кои и во минатото имале проблеми со доброто поведение. Една од ученичките која е на снимката тој ден дури и воопшто не се појавила на настава. Се превземаат сите потребни мерки за да се надмине проблемот – тврди Мантев за Фактор.
Според соученици на девојчињата, тие во минатото биле другарки. Кавгата и тепачката, наводно настанала поради момче, односно поради љубомора, пишува Фактор.
Од Министерството за образование го осудија настанот, а првата детска амбасада „Меѓаши“ побараа од министерката за образование целосно да го истражи случајот со цел вакво нешто повеќе да не се повтори.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект