-->
-->
Тепачка за ниви во скопско Свиларе
-->
Во скопското село Долно Свиларе завчера имало физичка пресметка меѓу членови на две семејства поради претходна расправија за ниви.
Како што информира МВР, случајот го пријавиле Н.И. (62) и Ќ.И. (24) според кои се се случило околу 20:40 часот кога во дворот на нивната куќа, додека седеле со други членови на семејството, со патничко моторно возило дошле М.Ј., М.Ј., Б.М., В.Р и уште две други лица. Тие со себе носеле шипки, лопати, дрвени палки,..., и веднаш почнале да ги удират сите членови на семејството во пределот на главата и телото, нанесувајќи им видливи повреди.
Истепаните побарале лекарска помош во ГОБ „8-ми Септември“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?