-->
-->
Тепачка на Бит Пазар
-->
Во Полициската станица Бит Пазар, Б.Р. (27) од Скопје вчера околу 14 часот пријавил дека на 6 мај околу 23.00 часот на паркинг простор кај Трговскиот центар „Мавровка“, на бул. „Гоце Делчев“ бил физички нападнат од лицето Ф.А., кој бил со возило. Тој го удирал со тупаници во пределот на лицето и со метален предмет во задниот дел од главата, при што му нанел повреди. Причина за физичкиот напад било тоа што пријавителот, кој бил вработен на паркингот, му рекол дека треба да плати. Тогаш Ф.А. излегол од возилото и го нападнал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
