Тепачите на Никола се членови на навивачката група „Шверцери“
Тројцата осомничени за крвничкото претепување на Никола Саздовски (21) од Автокоманда, кој по 10 дена во кома ноќеска почина на КАРИЛ, биле членови на навивачката група „Шверцери“. Пред нападот, тројцата „шверцери“ и Никола, кој бил член на навивачката група „Комити“, имале неколку расправии на Фејсбук, се претпоставува на национална основа. пишува МКД.мк
Веднаш по крвавиот напад МВР уапси двајца од тројцата тепачи и против нив поднесе кривична пријава за насилство.
Нема одговор зошто МВР против тепачите поднесе кривична пријава за насилство, иако според тежината на кривичното дело за претепувањето на Саздовски, кривичната пријава треба да биде за нанесување тешка телесна повреда.
Поради смртта на Никола, се очекува ОЈО да ја преименува кривичната пријава против насилниците.
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ