Теохарис вечерва ќе го презентира планот за отворање на туризмот во Грција
Планот на грчката Влада за безбедно отворање на туризмот, како и кампањата на грчката национална туристичка организација, вечерва ќе бидат презентирани на прес конференција, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за туризам на Грција Харис Теохарис се очекува да го презентира целосниот план за почетокот на сезоната закажан за утре.
Во однос на тоа дали со отворањето на туризмот ќе се отворат и копнените граници на Грција за државјаните од соседните земји, како што се Северна Македонија и Албанија, дописничката на МИА од Атина во понеделникот, на брифингот со новинарите побара одговор од портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, која објасни дека „постои конкретен план за безбедното отворање на туризмот и од копнените гранични премини, но сите детали, здравствените протоколи и на кој начин ќе биде отворен туризмот, ќе бидат соопштени кон крајот на неделава од министерот за туризам Харис Теохарис“.
Пред два месеца, во рамки на Меѓународниот саем во Берлин, Теохарис соопшти дека Грција ќе го отвори туризмот на 14 мај, под слоганот „All you want is Greece“, под здравствени протоколи, со сертификат за вакцинација или негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 за посетителите.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти