Теодорикакос: Уапсено едно лице за подметнување пожар на Пелопонез

Во изминатите 20 дена во регионот Илиа избувнаа 15 пожари и никој не верува дека ова се случува случајно, рече министерот за цивилна заштита на Грција надлежен за полицијата Такис Теодорикакос за време на посетата на конкретниот регион на Пелопонез и откри дека уапсено е едно лице за подметнување пожар, јави дописничката на МИА од Атина.
Теодорикакос истакна дека „очигледно е дека има подметнати пожари, дека постојат планови“, но додаде дека тие мора да сторат сè за пронаоѓање на виновниците.
- Веќе е уапсен еден граѓанин, кој е обвинет за подметнување пожар и кој ќе одговара на суд. Предизвик за локалната заедница, за општината, за регионот, а особено за полициските и противпожарните власти е да ги пронајдат виновниците за овие подметнати пожари и да ги достават до правдата, рече министерот.
Министерот е во регионот Илиа на Пелопонез, каде што од вчера е активен голем пожар во кој, меѓу другото, интервенираат 180 пожарникари, меѓу кои и германски пожарникари, а помагаат и 120 полицајци.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
