Тензично на собраниската Комисија за именувања и избори каде се расправа за избор на член на ДИК
Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска се одвива во тензична атмосфера откако пратеничката на опозициските албански партии Сафије Садики Шаини побара да не биде ставен на гласање предлогот за член на ДИК Зулфи Адили поддржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа, кој беше одбиен од членовите на партиите од власта.
Таа потенцира дека претседателот на Собранието Талат Џафери се ободува да ги саботира изборот. Посочи дека ова место во ДИК и припаѓа на албанската опозиција- на Алтернатива и БЕСА.
Членовите на Комисијата од опозициските албански партии и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ почнаа да тропаат по маси и бараат процедурално да се обратат.
За член на ДИК е предложен и кандидатот Абдуш Демири поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени.
По утврдувањето на кандидатот, тој треба да се гласа на седница на Собранието. Член на Државната изборна комисија се избира со двотретинско мнозинство.
По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.
Претходно, Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди листа со пет кандидати за член на ДИК: Берат Даути, дипломиран правник од Тетово, Абдуш Демири, дипломиран економист од Тетово, Роберт Трајковски, магистер по мир и развој од Куманово, Зулфи Адиљи, дипломиран правник од Скопје и Самир Ракипи, дипломиран правник од Тетово.
Ново на Сител
-
Тепачка меѓу 12 лица во Скопје, биле користени и тврди предмети
-
Целосно изгоре викендица во скопско Волково
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава
-
Мицкоски: Се очекува ДУИ да преземе чекори за дестабилизација на државата
-
Комисијата за финансирање прифати само два амандмана - за исплата на администраторите на избирачкиот процес и за платено политичко рекламирање
-
Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран
-
Суспензија и кривична за членот на обезбедувањето на Гаши кој извадил пиштол на скопскиот аеродром