Комисијата за финансирање прифати само два амандмана - за исплата на администраторите на избирачкиот процес и за платено политичко рекламирање

Комисијата за финансирање и буџет на денешниот последен ден од амандманската расправа за ребалансот на Буџетот прифати два амандмана, за исплата на административците кои беа вклучени во спроведувањето на годинашните избори, како и за платено политичко рекламирање. Амандманите ги поднесоа пратениците Бојан Стојаноски и Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред завршувањето на седницата.
Стојаноски со амандманот побара 318 милиони денари за изборната администрација, а Стојаноска 32,169 милиони денари за платено политичко рекламирање.
Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски рече дека двата амандмана се прифатливи, зашто, објасни, се работи за исплата на законски обврски.
-Во целата диксусија за ребалансот провејуваше наратив дека одредени средства државата требало законски да ги предвиди, но тоа не било сторено. атоаенји. Затоа, сакам да предложам амандман со кој ќе се обезбедат средства со кои ДИК ќе може, согласно законските обврски, да ја изврши исплатата кон сите што беа администратори на избирачкиот процес - избирачките одбори и сите други ангажирани во имплементирањето на еден демократски изборен процес. Ова е нешто што по секои избори се врши, но во текстот на Буџетот за ова не беа обезбедени средства иако ДИК двапати со писмен допис се обратила до Министерството за финансии, но дописот не добил позитивен одговор. Затоа сметам дека ние мора да ги обезбедиме овие средства, да го заокружиме процесот и тие што учествувале во него да го добијат соодветниот надомест што законски им следува, објасни Стојаноски.
Пратеникот Сали Мурати од коалицијата Европски фронт, во ваквиот потег, на крај од седницата и расправата да се предлагаат пвие амандмани, препозна политички маркетинг.
-Овие амандмани можевте да ги поднесете претходните денови, а не сега, пред крај на расправата, укажа Мурати.
Ново на Сител
-

На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници, раст од девет проценти на годишно ниво
-

Стабилно и суво до крајот на неделава, од среда потопло
-

Иран вели дека ситуацијата сега е „под целосна контрола“ по крвавите протести за време на викендот
-

Во скриен бункер на камион на ГП Стар Дојран пронајдени 5050 штеки цигари | ВИДЕО
-

Црвен крст на Србија достави помош за 400 домаќинства, итна седница на Штабoт за вонредни ситуации
-

Објавена снимка како е скршено стаклото на бугарската амбасада во Скопје
-

Рафиња: Да не дојдеше Флик, ќе ја напуштав Барселона
-

Ѓорческа ја мина првата пречка во квалификациите на Австралија опен
