Температури утрово насекаде под нула, најстудено во Битола, Берово, Маврови Анови и на Попова Шапка

Во 7.30 часот утрово најниска температура од 10 степени под нулата е измерена во Битола, Берово, Попова Шапка и Маврови Анови.
Како што соопшти УХМР, -8 степени се измерени во Прилеп, Дебар и Крушево, -7 во Охрид, -6 степени во Тетово, Крива Паланка и Демир Капија, -5 во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Претор, -4 степени во Струмица и Штип, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница и -2 во Дојран и Гевгелија.
Највисока снежна покривка од 20 сантиметри утрово е измерена во Ѓуриште, 19 см во Пожаране, 18 во Дебар, 16 во Маврови Анови, 14 во Битола, 13 во Берово и Крушево, 12 во Крива Паланка и 7 сантиметри во Прилеп.
-Утрово е ведро, претежно тивко и студено. Времето денеска ќе биде сончево и студено, во западните делови со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец, соопшти УХМР.
Максималната температура во земјава ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во Скопје сончево и многу студено со мала облачност. Максималната температура ќе достигне 3 степени.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
