Македонија
28. December 2018 - 8:34

Температури под нулата, од недела нов влажен бран

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде слично времето, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

До недела ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на магла по одделни котлини. В недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските, а снег на повисоките места и на планините. В сабота и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер.