Македонија
9. April 2019 - 14:44

Телото на Захариев го пронашле лекарите од Брзата помош - полицијата ќе истражува кој се јавил

– Младо безживотно тело утрово околу 9:45 било пронајдено мртво во својата вила во село Ѕвегор, Делчевско. Телото било пронајдено од Итната медицинска помош која по телефонски повик се упатила на местото на настанот и го пронашла веќе мртвото момче. Лекарите веднаш констатирале смрт.
 
Десет минути по екипата на Итната медицинска помош пристигнале двајца инспектори и јавен обивнител. Подоцна е утврдено дека се работи за лицето со иницијали А.З.
 
Од  полицијата најавија дополнителни информации за трагичниот настан.