Телетабисите останаа без најдрагиот: Почина Тинки Винки

Сајмон Шелтон Барнес (52) кој го играше Тинки Винки во детската телевизиска серија „Телетабиси“ почина.
Сајмон беше танчер и кореограф кој ја презеде улогата на еден од Телетабисите.
Еднаш изјави дека презел голем ризик при изборот на професијата.
-Јас кариерата ја започнав како танчер и така почнав да работам како кореограф. Мислев дека тоа е малку ризичен потег, но се исплатеше сигурно, рече Сајмон и додаде:
-Имав многу фанови меѓу децата и родителите. Бевме како Битлси.
Актер облечен како Тинки Винки утрово е претставен на Лондонскиот саем за играчки во Олимпија во чест на починатиот актер.
Синот на Барнес Хенри по повод смртта на таткото изјави:

-Во средата го загубив својот прекрасен татко, беше наздрав и најнежен човек што сум го познавал и го сакав повеќе од било што. Додека бев дете, ми беше срам што е танчер и актер, но сега не можам да бидам погорд. Сега е на подобро место и знам дека не би сакал да сум тажен, така што ќе го живеам својот живот онака како што тој би сакал.
„Телетабиси“ беше детска емисија првобитно емитувана на Би БИ Си меѓу 1997 и 2001 година.
Тинки Винки прво го играше Дејв Томпсон, кој сега е познат комичар, а наводно е отпуштен поради погрешното толкување на улогата и навестувањето дека овој Телетабис е геј.
Барнс рече дека сексуалноста на ликот е прашање кое често му е поставувано поради тоа што Тинки Винки постојано носел торбичка во рацете.
-Луѓетп ме прашуваа дали Тинки Винки е геј, но во прашање е тригодишно дете, па тоа прашање е прилично глупаво.
Актерот ќе биде кремиран на 7. февруари.
Ново на Сител
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
-

84-годишник со закана изнудил 5000 евра од негова роднина, па прекинал комуникации со неа
-

76-годишен тетовец починал откако избил пожар во неговиот стан
-

Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од март
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

На демонстрантите во Иран ќе им се суди како на непријатели на Бог
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
