„Телеграф“: Питачите во Велика Британија заработуваат повеќе од премиерот
Шефот на оделението за животна средина на Вулверхемптон, Стив Еванс, тврди дека овој град во Англија е соочен со големи проблеми поради лажни питачи и бездомници, пренесува Танјуг.
Имено, тој наведе дека еден бездомник дневно заработува близу 636 евра, што на годишно ниво е близу 165.413 евра, само 15.268 евра помалку од годишната плата на премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон.
- Во центарот на градот имаме луѓе кои се професионални питачи, уверен сум во тоа. Тие заработуваат многу пари со тоа што ги мамат граѓаните, истакна Еванс.
Поради лажните питачи загрозени се и вистинските бездомници.
- На некому навистина му се потребни пари за храна, а не алкохол. Срамота е што неколку измамници даваат лоша слика за нас, објасни питач за британски „Телеграф“.
Ново на Сител
-
Едриличарите бараат да се укине забраната за пловење ноќе
-
Како до рурален развој
-
Парада на гордоста
-
Почна расправата за новата влада
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Почна расправата за избор на новата влада
-
Високите температури направија хаос на Задушница: Луѓето со часови чекале автобус за да отидат на гробишта
-
Се води битка со пожарите