Телефонски разговор за бегалците меѓу Атина и Анкара
Грчкиот министер за миграциска политика Димитрис Вицас телефонски разговарал со турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кого го повикал Турција да ги почитува преземените обврски за бегалците на грчките острови и пред се во областа на реката Еврос, каде во последните денови е регистрирано драстично зголемување на бројот на нови мигранти.
Како што јави весникот „Вима“, за време на разговорот Вицас рекол дека Грција ги почитува обврските утврдени во договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците и оти е важно тие да бидат почитувани од сите страни.
Атина првпат отворено врши притисок врз Анкара за областа по течението на реката Еврос (Марица) од каде само вчера од Турција влегле 340 лица кои илегално ја преминале границата со Грција, подвлекува весникот.
За време на дебата за новиот предлог-закон за азил, Вицас вчера рече дека бројот на мигранти кои пристигнуваат на грчките острови е двојно поголем. Тој истакна дека на островот Лезбос, каде се наоѓа најголемиот камп за мигранти, минатата година од Турција пристигнувале во просек 54 мигранти дневно, а само вчера пристигнале 206 нови лица.
На сите грчки острови во текот на април регистрирани се вкупно 2.168 нови бегалци и мигранти.
Во првите два месеци имало по 66 пристигнувања дневно, но од тогаш таа бројка се зголемила на 126, а последните денови и на 200 мигранти дневно.
Вицас истакна дека преку копнениот дел од границата меѓу Грција и Турција, на реката Еврос, годинава пристигнале вкупно 2.700 бегалци и мигранти, а само завчера нивниот број изнесувал 340 лица.
Вкупно, од почетокот на годинава преку море во Грција пристигнале повеќе од 7.000 бегалци, додека во Турција се вратени 112 лица.
Ново на Сител
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-
РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари
-
Прегазен 60-годишен пешак во Јегуновце
-
Делчево: Тешко повреден млад возач кој удрил во паркиран автомобил
-
19-годишник со „тојота“ прегазил пешак
-
Хамас соопшти дека е подготвен да разговара за прекин на огнот во Газа