Телефонски разговор Рама - Зеленски
Албанскиот премиер Еди Рама објави на социјалните мрежи дека денеска остварил телефонскиот разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Денеска имав телефонски повик од претседателот Зеленски, кој ми се заблагодари за сè што Албанија прави во овие трагични денови за неговиот народ, за Европа и за целиот свет, почнувајќи од нашата улога на кодомаќин со САД во Советот за безбедност на ОН, до помош дадена за украинската армија, како и интензивното ангажирање на дипломатски канали со важни партнери за поддршка на Украина, напиша Рама.
Додава дека му изразил максимална поддршка на претседателот Зеленски и на украинскиот народ, посочувајќи дека би сакал да направи многу повеќе.
На украинскиот претседател му ги изразив целиот восхит и целосна солидарност на албанскиот народ во Албанија и Косово, со него и со украинскиот отпор, како и целосна волја да направиме сè што можеме за Украина да триумфира во својата родољубива војна, пишува Рама.
Зеленски му се заблагодарил на Рама за поддршката.
Ви благодарам премиере. Ако сакате да триумфираме, сакам да ве уверам дека ги имаме и нашите способности и нашата сила, рекол Зеленски, пренесе Рама.
Ново на Сител
-
Стуб: Финска ќе учествува во изготвувањето на мировниот план за Украина
-
Неопходно е воспоставување на закони и механизми кои ги штитат и поддржуваат правата на жените, порача Рокас на националната конференција „Заедно сме посилни“
-
Руската ФСБ уби осомничен терорист кој планирал напади во Москва
-
Автомобил влета во толпа луѓе во германскиот град Мајнхајм, најмалку едно лице загина
-
Зеленски: Некој што сака преговори намерно не пука во луѓе со балистички проектили
-
Од полноќ поевтинуваат горивата
-
Кремљ: Важно е некој да го принуди Зеленски да го промени својот став
-
Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски