Телефонски разговор на Трамп и на Ердоган со новоизбраниот претседател на Франција

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска му ја честиташе победата на Емануел Макрон на пртседателските избори во Франција, соопшти Белата куќа.
- Трамп телефонски разговараше со избраниот претседател на Франција и му ја честита победата, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.
Трамп синоќа по прогласувањето на победа на Макрон преку Твитер упати честитки.
- Честитки за Емануел Макрон на неговата голема победа на изборите за претседател на Франција. Многу се радувам на соработката со него, напиша Трамп на Твитер.
И претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска имаше телефонски разговор со Макрон,
Ердоган во телефонскиот разговор потенцирал дека победата на Макрон ја зголемува надежта во иднината на Европската унија.
Ердоган и Макрон се договориле да се сретнат на самитот на НАТО, што треба да се одржи кон крајот на месецот во Брисел.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
