Телефонски разговор Муцунски - Хоџа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово остварил телефонски разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ферит Хоџа, во кој двајцата министри го потврдиле заедничкото задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји нагласувајќи ја подготвеноста за нивно натамошно унапредување.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во разговорот станало збор и за европската перспектива на двете држави, како и за заедничките активности на патот кон Европската Унија.
Воедно била истакната и важноста на проектот за Коридорот 8, кој претставува заеднички приоритет од значење за двете земји, како и за унапредување на регионалната поврзаност и развој.
-Министерот Муцунски ја истакна важноста на македонското национално малцинство во Албанија, кое претставува значаен мост на пријателство и дополнително придонесува за продлабочување на односите меѓу двете држави. Воедно, министрите разговараа и за Охридското Езеро, обврските што произлегуваат од УНЕСКО, како и за заедничката одговорност за неговата заштита и одржливо управување со регионот - се наведува во соопштението.
Двајцата министри размениле мислења и за актуелните прашања од регионалната соработка, при што ја нагласиле важноста од негувањето на добрососедските односи и заедничкиот придонес на двете земји кон стабилноста и безбедноста во регионот.
МИА
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
