Телата на убиените кај Количани предадени на обдукција
Телата на двете машки лица кои со прострелни рани вчера се пронајдени во возило на патот Драчево - Количани се предадени на обдукција.
Јавното обвинителство денеска информира дека веднаш по дојавата од случаен минувач, извршен е увид на местото од страна на јавен обвинител, екипа на Министерството за внатрешни работи и од Институтот за судска медицина и криминалистика.
Во возилото до едно од лицата пронајден е и пиштол 7.52 ТТ.
- Ќе следи и донесување на наредби за вештачења на оружјето, на испуканите проектили, како и на сите пронајдени траги на местото на настанот, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Полицијата потврди дека синоќа околу 19 часот во возило марка „ровер 75“ со охридски таблички во нива кај селото Долно Количани пронајдени се две машки лица со прострелни рани. Полицијата информира дека е идентификуван возачот на „роверот“ Светислав Р. (1987) од Кичево, кој вчера бил пријавен за исчезнат, а се работи на идентификување на второто лице.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит