Тексас: Експлозија во хемиската постројка на компанијата „Аркема“
Во хемиска постројка на компанијата „Аркема“ во Крозби, Тексас денеска се случи експлозија и може да се види чад, јави хјустонската телевизија Фокс 26.
Според дел од медиумите се слушнале две експлозии.
Претставници на локалната власт вчера предупредија дека може да дојде до експлозија откако хемиската постројка „Аркема“ остана без напојување на електрична енергија по поплавите предизвикани од ураганот Харви.
„Аркема“ соопшти дека се евакуирани мал број преостанати работници од постројката во Крозби, која се наоѓа околу 32 километри североисточно од Хјустон. Постројката запре со работа од петокот во очекување на ураганот.
Компанијата соопшти дека во понеделникот врз објектот наврнале 101,6 сантиметри кубни дожд. Оваа постројка произведува хемикалии кои мора да се чуваат на ниски температури. Поради поплавите, магацините останале без снабдување со струја, а генераторите се во дефект.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет