Тедрос: Сиромашните земји добиле само 0,3 проценти од вакцините
Директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека вакцините против Ковид 19 сè уште се недостапни за сиромашните земји.
Тедрос во изјавата по повод одбележување на првата годишнина од воспоставување на глобалниот систем Ковакс, рече дека ширум светот досега се примени скоро 900 милиони дози вакцини, но повеќе од 81 процент отишле во побогатите земји, додека земјите со низок стандард добиле само 0,3 проценти од таа количина.
Директорот на СЗО повеќе пати ги осуди нееднаквостите во дистрибуцијата на вакцините и ги повика побогатите земји да ги споделат вишокот дози што ги имаат за да помогнат во имунизацијата на здравствените работници во сиромашните земји.
Повеќе од три милиони луѓе починаа во пандемијата, а Ковакс, кој досега испорача 40,5 милиони дози во 118 земји, има за цел да обезбеди две милијарди дози до крајот на годината.
Ковакс, кој заедно во водат Светската асоцијација за вакцини (GAVI) и СЗО, вчера соопшти дека работи на зајакнување на снабдувањето со вакцини за сиромашните земји од нови производители, што ќе го олесни проблемот со снабдување на вакцината на Астра Зенека од Индија, која ја зафати новиот бран на епидемија и втор ден регистрира рекорден број на нови случаи во целиот свет, со повеќе од 330.000 заразени.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност