Балкан
9. July 2020 - 11:02

Тедески и Станковиќ – “еден на еден“ на Викенд Медиа Фестивал

Најголемиот регионален фестивал наменет за комуникациската индустрија – Викенд Медиа Фестивал (Weekend Media Festival) оваа година, во Ровињ во период од 24. до 27. септември ќе биде домаќин на Емил Тедески (Emil Tedeschi), основач и сопственик на Атлантик Групацијата. Во рамки на фестивалот, Тедески ќе биде интервјуиран од страна на Иван Станковиќ (Ivan Stanković), во неговиот познат “еден на еден“ формат.

По повеќе од 40 годинискуствооогласувачката индустрија, Станковиќ својата стручност во креирањето брендови ја пренесе во своето уникатно ток-шоу “Што сум ти јас на тебе и кој сум на себе“ ( “Šta sam tebi & ko sam sebi“), во чии рамки познатите личности ги гледа од аспект на бренд и преку разговор се обидува да ја утврди усогласеноста помеѓу перцепцијата за нив и реалноста. Станковиќ разговорот со Тедески ќе го базира на резултати од истражување заперцепцијата за него како бренд.

Тедески е еден од најуспешните хрватски и регионални претприемачи. Атлантик Групацијата е една од водечките произведувачи на храна и пијалаци во југоисточна Европа, со портфолио реномирани брендови кои се регионални и европски лидери. Воедно, групацијата е и водечки дистрибутер на производи за широка потрошувачка во регионот.

Тедески е добитник на голем број признанија и награди од професијата и медиумите, а членувал и членува и во релевантни хрватски, регионални и меѓународни институции, здруженија и тела. Учествувајќи во работата на Националниот парламентарен одбор за набљудување на преговорите, активно бил вклучен во процесот на приближување на Хрватска кон Европската Унија, како и бил член на Економско-социјалниот Совет, Претседател на “HUP“ и член на Економскиот Совет на Претседателот на Република Хрватска. Тој е почесен конзул на Ирска во Хрватска, како и член на: Трилатералната комисија, Алумни Асоцијацијата во рамки на бизнис школата “INSEAD“; Советот на Декани на Харвард Кенеди Школата за Управување; Програмскиот совет на ЗСЕМ; Деловниот Совет при Економскиот Факултет во Љубљана; Советот на Комесари во рамки на Московскиот Државен Институт за Меѓународни односи.