-->
-->
Тажна вест: Почина познатиот македонист Драги Стефанија
-->
Во 86-та година од животот, синоќа во Охрид почина Драги Стефанија истакнат лингвист, македонист, фолклорист, новинар и публицист.Драги Стефанија е роден во Охрид на 10. 11. 1933 година, каде што завршил основно и средно образование. Филозофски факултет на групата македонски јазик и литература, книжевност на народите на СФРЈ и руски јазик завршил 1958 година, а 1. степен право во 1960 година. Како студент бил соработник во весникот на Скопскиот универзитет Студентски збор, а во Институтот за македонски јазик бил собирач на дијалектно градиво. Извесно време е стручен соработник по македонски јазик за квалификувани и висококвалификувани работници и подготвителни курсеви за упис на високите школи на луѓе без матура во Работнички универзитет во Скопје.
По скопскиот земјотрес се враќа во Охрид и работи во Заводот за школство на Охридска околија, како просветен советник за училиштата од 2.степен и е уредник на списанието за стручно-педагошки проблеми Актуелности – околу 3 години. Од 1965 година е дописник на Радио Скопје, подоцна и на телевизија. Во 1967 година станува лектор по македонски јазик на Филозофски факултет во Љубљана каде што докторира во 1980 и во 1982 година станува доцент, во 1986 е избран за вонреден и во 1990 година за редовен професор по македонски јазик и литература на истоимената катедра. Од доцентурата до пензионирањето е шеф на македонистичката катедра, којашто сам ја основал, а 4 години ја води и југославистичката група.
Д-р Стефанија објавува македонистички и компаративистички студии и книги во Македонија, Словенија, Хрватска, Германија, Унгарија, Полска, Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
