-->
-->
Тажна вест: Почина долгогодишен професор од Правниот факултет
-->

Правниот факултет од Скопје известува дека денеска, на 03.07.2017 година почина д-р Тодор Пеливанов, долгогодишен редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.
Проф.д-р Тодор Пеливанов го познаваат генерации студенти на правните, политичките и студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Тој беше припадник на првите генерации на професори кои ги удрија темелите на правната теорија во Република Македонија. Неговите трудови, учебници и предавања се во областа на воведните и теоретските правни науки, оној дел од студиите кој игра значајна улога во градењето на интелектуализмот кај правникот, новинарот и политикологот. Беше истакнат спортист и пасиониран шахист.
Проф. д-р Тодор Пеливанов беше и политички активен и по осамостојувањето на Република Македонија. Колективот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ќе го памети како добар колега, хуманист и праведен професор со високи критериуми.
Посмртните останки на проф. д-р Тодор Пеливанов ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 04.07.2017 година (вторник) од 12,30 до 13,30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница