-->
-->
Тажна исповед на мајката на младиот математичар: Лазар конечно доби работа од соништата, а сега ми се враќа дома во ковчег
-->

Настраданото дете било момче за пример кој пред неколку години дошол од Бор да студира на Математичкиот факултет во Белград. Неговото семејство занеме од тага и болка поради губитокот на нивниот наследник и нивната гордост. Мајката на Лазар, Драгана дошла вчера во Белград за да го превземе телото на својот син.
Младиот математичар и успешниот програмер загина во вторникот околу 23.30 часот. Како што пренесуваат медиумите, момчето се обидело да претрча на улица додека на семафорот за пешаците било црвено, и тогаш на него налетал автмобил „Шкода“ со кој управувал 20-годишник.
Несреќното момче од тешките повреди починало на лице место.
Мајката на Лазар вели дека нејзиниот син бил за пример и дете какво што секоја мајка би посакала.
- Мојот син беше прекрасно момче, дете какво секој ќе посака. Не пушеше, не пиеше. Диполомиран математичар кој на време го заврши факултетот. Сега при крај му беа магистерските студии, во солзи раскажува неутешната мајка на настраданото момче.
Како што вели таа, само седум дена пред трагедијата Лазар се вработил на неопределено време во една програмска фирма.
- Тој ги помина сите IQ тестови за таа фирма со седиште во Виена, која поготово е ценета во светот на програмерите. Работеше за нив во последните месеци на договор, го пратеа неговиот развој.Мојот син беше вреден и паметен, во солзи раскажува Драгана.
Несреќната мајка остана без син во една секунда. Како што вели, неговата смрт треба на сите да служи за пример и да испрати порака: „Не брзајте, животот е најважен“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Села ја сака Алијанса но без Таравари - ВМРО ДПМНЕ убедена во победа на изборите
-
МВ: Граѓаните сметаат дека институциите ефикасно се справија со трагедијата во Кочани
-
Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански
-
Хуманитарна аукција за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Повредени од трагедијата во Кочани продолжија со рехабилитација во специјализирани странски центри
-
Фотоволтаиците стануваат главен соујзник на земјоделците, а кај нас тоа е табу тема
-
Дивите депонии се сериозна закана за здравјето на граѓаните