Таткото на Самоил: Син ми имаше пари кога беше киднапиран, продаде џип во Бугарија за 76.000 евра
Такаткото на киднапираниот Самоил за „Фокус“ раскажува дека пред да се случи киднапирањето Самоил продал џип во Бугарија за 76.000 евра.
Син ми се занимаваше со купување и продажба на стари возила. Ги купуваше, ги средуваше, па ги препродаваше. Снаа ми оди на работа, во тек на ден тој го чуваше детето, беше посветен на фамилијата. Пред да се случи киднапирањето, тој продаде џип во Бугарија за 76.000 евра. Знам дека од продажбата првин зеде 36.000 евра, а останатите 40.000 ги зеде една недела пред да биде киднапиран. Според моите претпоставки, киднаперите знаеле дека тој има пари во тој период, затоа и бил намамен да дојде на средба со нив-тврди таткото, раскажува Љупчо Костадиновски.
Случајот силно одекна во јавноста, кога на 4-ти март семејството на Самоил, кој е внук на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, откри дека е киднапиран. За случајот Обвинителството води постапка против две лица на возраст од 25 и 29 години, и тие се во притвор во затворот ,,Скопје” во Шутка.
Љупчо Костадиновски тврди дека освен овие две лица, кои се уапсени за исчезнувањето на неговиот син, вмешана била поголема криминална група. Како што раскажува, според негови сознанија, станувало збор за голема машинерија меѓу кои има и вработени во МВР, за организирана група од околу 50 лица, кои продавале разна дрога по дискотеки во земјава.
Ново на Сител
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош
-
Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот