-->
-->
Таткото на Мартин Јанушев на социјалните мрежи: Ми отиде детето
-->
,
,Немам зборови. Ми отиде детето од неранимајковци…“- sсо овие зборови се прости со својот син Мартин Јанушев, неговиот татко Бранислав, на неговиот ФБ профил. Тој постави и фотографија од вечниот дом на Мартин.
Погребот на свирепо убиеното момче беше извршен во неделата на градските гробишта ,,Бутел“ во Скопје.
Мартин Јанушев беше убиен на 03.11.2017 , пред влезот на зградата во која живееше, со неколку куршуми во главата и во вратот.
Докторите не успеаја да го реанимираат и по четириесетина минути откако беше донесен, прогласија смрт.
МВР врши интензивна истрага и потрага по убиецот и неговите соучесници.
Таткото на Мартин и самиот бил припадник на МВР и сега е во пензија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Санкциите за руската нафта значително ќе влијаат на руското финансирање на војната
-
Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“
-
Пет интерпелации, помина само една, според Кабинетот на претседателот на Собранието, нема обврзувачки последици
-
Собранието не ја прифати интерпелацијата за заменик-министерот за внатрешни работи
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Облачно и студено, во текот на ноќта со врнежи од снег
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија