-->
-->
Таткото на Филип Филиповски: Ова е моето, но утре може да биде било чие дете, правда мора да има!
-->
-Ова е мојот син Филип Филиповски. Опериран е, остана без левиот бубрег, извадена му е и слезината. Целиот живот ќе ги сноси последиците од повредите и сето тоа секако ќе се одрази и врз квалитетот на неговиот живот. Ако некој кој го познава, го прашате какво момче е тој, без многу размислување ќе ви каже дека Филип е голем хуманист, сочувствителен, едноставен, искрен… немаше апел за помош на социјалните мрежи каде тој не се вклучи, каде не беше трогнат од нечија лоша судбина… Еве го сега, на клиника, со тешки повреди. Дефинитивно, не го заслужи тоа. Ниту тој, ниту било чие дете, никогаш. Претешко ни е да го гледаме во ваква состојба, но среќни сме што детето ни остана живо, и бараме правда – за „Фокус” раскажува Гоце Филиповски, татко на 27-годишниот Филип, кој беше избоден во дискотека во село Мралино.
За нападот врз Филип се осомничени браќата Александар и Јордан Цветковски, синови на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, кој истовремено е и советник во МВР. По инцидентот во дискотеката, каде беше избоден Филиповски, неговите напаѓачи доживеале сообраќајна несреќа, потврдија вчера од МВР за „Фокус“.
Тој достави до „Фокус” фотографија од Филип, и како што вели, целта на објавата на фотографијата е да не се заборави настанот, но и никогаш да не се повтори ништо слично.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд