-->
-->
Таткото ја полеал со киселина додека мајката ја доела: Остана без око и со многу лузни, но не се предава, сега е позната манекенка
-->
Индијката Анмол Родригез (23) ја нападнал соптвениот татко. Имено, додека била бебе и додека мајката ја доела, ја полеал со киселина.
Мајката починала, а Анмол завршила во болница. Под надзор на лекарите била 5 години. Таткото го осудиле на затворска казна, а Анмол завршила во сиропиталиште каде завршила улилиште.
- Бев многу малечка и не сфаќав дека другите деца се разликуваат од мене додека не дојдов во домот за сираци. Тогаш видов дека другите деца поинаку изгледаат, вели таа.
Подоцна завршила и студии и почнала да живее самостојно. Благодарение на своите контакти меѓу жените - политичарки, успеа да создаде организација која им помага на девојките и жените како неа. Иако изгуби едно око и има лузни по лицето, Анмол гордо позира како манекенка. На една пријателка која исто така била повредена во напад со киселина и помогнала да се омажи.
- На жртвите им помагам со едукација. Сакам да сфатат дека можат да ги употребат своите вештини, на најдат работа и да живеат од своите пари. Сакам, како жртва што преживеала напад со киселина да станам манекенка и да ја проширам свеста дека тоа не мора да значи крај на животот. Се надевам дека ќе инспирирам други жени своите лица да не ги покриваат туку да чекорат гордо и самоуверено, рече Анмол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток