Татко во акција: Ирец во Лас Вегас

Многумина млади имаат проблем како на своите родители, баби и дедовци да им објаснат како функционираат паметните телефони, а уште потешко им е да ги упатат како да снимат видеа на нивните патувања.
Со овој проблем се соочи младиот Ирец, Иван Грифин, кој на неговиот татко му дал на користење ГоуПрo камера за да го снима своето патување низ американската пустина.
Но, очигледно обуката не минала најдобро, па таткото Грифин при снимањето на своите „доживувања“ ја држел камерата свртена во „погрешна“ насока.
По враќањето на неговиот татко, Иван ги објави снимките на Јутјуб, кои за кусо време имаа речиси 1,5 милиони прегледи.
- И така на татко ми му ја дадав својата професионална камера за да сними што видел во Лас Вегас. Се убаво му објаснив како да ја користи камерата. Сепак, мојот татко не знаел да ја употреби камерата во вистинска насока, напиша Иван под видеото.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
