Татко и син го нападнале директорот на гимназијата во село Неготино, Гостиварско

Четириест и две годишниот Б.Д. од с.Неготино, Гостиварско, и неговиот 17-годишен син, ученик во Гимназијата во селото, физички го нападнале директорот на гимназијата, К.Р. (43) од с.Топлица при што му нанеле повреди во пределот на главата.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 13.50 часот во полициското одделение Галате од страна на Б.Р. (45) од с.Неготино, а се случил во дворот на гимназијата.
- К.Р. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што му била укажана лекарска помош и констатирана скршеница на носот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По преземени мерки лицата се приведени во ПС Гостивар и со нив е извршен разговор, се наведува во соопштението.
По целосно документирање на случајот против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Мицкоски на Самитот на Европската народна партија во Брисел
-

Македонија меѓу најдобрите земји во светот по намалување на неонаталната смртност и смрт кај деца под пет години
-

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица
-

Муцунски: Наш приоритет е отворањето преговори и што побрзо членство во Европската Унија
-

Брент над 116 долари: Скок на цената на нафтата по напади во Блискиот Исток
-

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива
-

20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
-

На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег
