Свет
16. January 2019 - 10:59

Татко и ќерка со автомобил слетале во река: Мислеле дека им нема спас, но потоа следуваше чудо

Автомобил во кој биле татко и ќерка влетал во река во кинеската провинција Хунан.

Водата набрзо почнала да навлегува, па биле заглавени.

За среќа, во близина било момче кое без размислување скокнало во ледената река и се обидел да ја отвори вратата.

Успеал во тоа, а на снимакта се гледа како девојчето му паднало во раце и тој побрзал да ја однесе на брегот.

Веднаш зад нив, од автомобилот излегол и таткото.