Татјана Лазаревска на Фејсбук: Добивам заканувачки пораки кои многу ме вознемирија
Фолкерката Татјаната Лазаревска деновиве не сакајќи се најде во центарот на вниманието, и не само тоа, туку почнала да добива и заканувачки пораки кои поприлично ја вознемириле. А се заради Фејсбук-статусот на нејзината истоименичка ангажирана како професионален војник во АРМ.
„Морам јавно да ви се обратам и да кажам дека лицето Татјана Лазаровска во доле наведениот текст апсолутно не сум јас, за оние кои погрешно разбрале… јас сум само естраден уметник кој не ја дели својата публика и кој не го интересира политика воопшто… заради совпаѓање со името и недоволно разбирање на текстот почнав да добивам и претечки пораки, кои многу ме вознемирија…. јас сум секогаш против јавен говор на омраза… ширете љубов, а не омраза… ви благодарам“, – напишала фолкерката во својот Фејсбук статус со кој ја појаснува ситуацијата и ја разрешува забуната!
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори